Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Азески во Брунен, Швајцарија, во врска со организацијата на Конференцијата за трговските марки и нетарифните бариери

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, престојуваше во Брунен, Швајцарија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, престојуваше во Брунен, Швајцарија, каде што учествуваше на работната средба посветена на подготовката на две значајни меѓународни бизнис-иницијативи што ќе се реализираат во текот на ноември годинава.

На средбата се разговараше за организацијата на конференцијата „Business Club West and South East Europe“, која ќе се одржи од 6 до 8 ноември во Брунен, Швајцарија, а чија цел е формирање бизнис-клуб што ќе ги поврзе компаниите и деловните лидери од Западна и од Југоисточна Европа. Иницијативата е поддржана од Здружението на српски стопанственици во Швајцарија, предводено од Стојан Стевановиќ, истакнат бизнисмен кој работи во Швајцарија, и од Adriatic Business Academy, чиј директор е Милијан Димитријевиќ, сѐ со цел да се создаде платформа за вмрежување, размена на искуства, поттикнување нови партнерства и за унапредување на регионалната економска соработка.

Беше разгледана и организацијата на меѓународната конференција „Private Label“, која ќе се одржи на 16 и на 17 ноември во Белград, во соработка со Adriatic Business Academy. На конференцијата ќе бидат отворени прашања поврзани со развојот на трговските марки, како и со предизвиците што ги создаваат нетарифните бариери во регионалната и во меѓународната трговија.

Реклама

Со овие активности се продолжуваат напорите за јакнење на економската соработка, поврзување на бизнис-заедниците од регионот и за отворање нови можности за компаниите преку интензивно вмрежување, размена на знаења и преку воспоставување деловни партнерства.