Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Автопатот Скопје-Блаце ќе придонесе за поголем економски и регионален развој, оцени Меџити

Со потпишувањето на договорот за реализација на втората делница од автопатот Скопје–Блаце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со потпишувањето на договорот за реализација на втората делница од автопатот Скопје–Блаце започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата, оцени денеска градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Како што соопштија од Општина Чаир, според Меџити, станува збор за инвестиција вредна над 200 милиони евра, која ќе придонесе за подобрување на поврзаноста меѓу Скопје и Приштина, олеснување на сообраќајот и поттикнување на економскиот и регионалниот развој.

– Денес беше потпишан договорот за автопатот Скопје – Блаце. Ние не се мериме со ветувања, туку со потпишани договори, проекти во реализација и конкретни резултати кои остануваат во служба на граѓаните – изјавил Меџити.

Реклама

​Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој – ЕБОР денеска потпишаа договор за грант за изградба на автопат Скопје – Блаце. Парите за грантот се од Инвестициската рамка на ЕУ за Западен Балкан, во висина од 30,8 милиони евра, а кредитот е 167,6 милиони евра. Договорот го потпишаа директорите на двете институции, Коце Трајановски и Фатих Туркменоглу.