Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прес-релис

Австриска вечер на „Охридско лето“ со поддршка на Касинос Австрија Интернешанал Македонија

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид,  се одржа традиционалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид,  се одржа традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост ја поддржа реализацијата на овој престижен музички настан.

Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо Маки Намекава и Денис Расел Дејвис, врвни уметници со богата меѓународна кариера, препознатливи по својата извонредна музикалност и интерпретации кои оставаат силен впечаток.

Концертната програма ја поведе публиката на инспиративно музичко патување, од безвременските дела на Моцарт и Шуберт, преку романтичните звуци на Сметана, до современиот музички израз на Филип Глас, спојувајќи различни епохи, стилови и емоции во една незаборавна вечер.

Реклама

Австриската вечер традиционално се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија и Владата на Република Австрија, претставувајќи симбол на долгогодишното пријателство, успешната културна соработка и заедничките вредности што ги поврзуваат двете земји.

Како компанија која континуирано инвестира во културата, уметноста и проектите од трајна општествена вредност, Касинос Австрија Интернешанал Македонија со особена чест беше дел од оваа значајна фестивалска традиција. Поддршката на врвните културни настани е дел од определбата на компанијата да придонесува кон развојот на културниот живот и да биде партнер на иницијативи што инспирираат, поврзуваат и оставаат траен белег.