Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули

 Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 30 и 31 јули, доколку временските услови бидат поволни, соопшти денеска Град Скопје.

– Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана – стои во објавата на фејсбук.

Од Град Скопје информираат дека во текот на изминатите месеци биле реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарците. Дезинсекцијата против ларви била спроведена со авионски третмани на 7 мај, 11 јуни и 10 јули, како и со теренски третмани на 26 јуни и 23 јули.

Реклама

Во рамки на мерките против возрасни комарци, биле извршени авионски дезинсекции на 1 и 2 јуни, како и на 27 и 28 јуни, додека теренски третмани биле реализирани на 18 и 20 јуни, како и на 13 и 15 јули.