Реклама

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Македонија

Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека правиме најголеми издвојувања за општините

Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа Влада историски прави најголеми издвојувања за општините, а за тоа е доказ овој ребаланс кој денес го разгледуваме во Комисијата за финансирање и буџет. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во рамки на амандманската распорава по предлог ребалансот на Буџетот за 2026 година во рамки на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет кој потенцираше дека буџетот е лимитирана и ограничена категорија каде треба да се задоволат сите најнеопходни потреби и секако онаа развојна компонента за која Владата се обврзала да ја реализира пред граѓаните.

„Постојоано работиме на зголелмување на издвојувњата од државниот Буџет кон програмите на надлежните министерства, во случајот Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање,  а преку АА програмата за финансирање на инфраструктурни проекти тука се и Министерството за култура, Министерството за образование и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со овој Ребланс за инфраструктурни проекти во општините, за сите 80 општини ги зголемуваме предвидените од 2,6 милијарди денари на 4,2 милијарди денари во корист на подобрување на животот на граѓаните. Преку Министерството за транспорт и врски со Проектот за локални патишта сумата со ребаланост изнесува 566 милиони денари и исто преку Министерството за транспорт и врски програмата со Проектот за олеснување на трговијата и транспортот  ја зголемуваме од 246 минилони денари на 620 милиони денари. Овие се бројки показатели на волјата на Владата не само на хартија, туку и на терен дека реализира и дека ќе реализира уште повеќе проекти“, посочи заменик-министерот.  

Тој потенцираше дека секое населено место е важно, и дека приоритетите ги одредуваат општините и врз основа на тоа аплицирале во рамки на програмата АА во локалната самоуправа и надлежните министерства.

Реклама

Се осврна и на средствата што се одвојуваат за рамномерен регионален развој, истакнувајќи дека доколку се земат предвид средствата во сите ставки, а не само онаа што се префрла во Бирото за рамномерен регионален развој, тогаш сигурно е дека износот го надминува оној утврден износ од 1% од БДП за рамномерен регионален развој.