– До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК.
Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија.
Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени – село Житоше и село Локвени (ниска вегетација и ѓубре), Општина Битола – нас. Мал Париз (ниска вегетација), Општина Аеродром – населба Драчево (ѓубре), Општина Чучер Сандево – село Блаце (ниска вегетација и шума), Општина Шуто Оризари – улица Брњачка Буна (ниска вегетација и ѓубре), Општина Тетово – патот Тетово – Брвеница (ниска вегетација), Општина Кратово – село Железница (депонија).

