Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Економија

Улицата „Маршал Тито” во Гевгелија добива нов лик, најавена и изградба на нов влез во градот

Улицата „Маршал Тито” во старото градско јадро во Гевгелија добива нов лик.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улицата „Маршал Тито” во старото градско јадро во Гевгелија добива нов лик. Надземните инсталации од реконструираниот дел на оваа улица се заменуваат целосно со подземни инсталации, а уличната површина ќе добие и ново осветлување, најавија градоначалникот на Општината, Андон Сарамандов, и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. 


– Оваа улица е белег на градот и се реконструира на потегот од библиотеката до железничката станица, во должина од 700 метри. Ќе бидат реализирани повеќе зафати со тоа што ќе се пререди старата калдрма, а притоа улицата ќе го задржи својот автентичен лик, ќе бидат поставени нова водовдна линија и фекална канализација, како и електричната инсталација и интернет мрежа кои ќе бидат подземно поставени. На тротоарите ќе имаме гранитни плочи, улицата ќе добие и нови садници, а ќе следи и урбана опрема и ново модерно осветлување со канделабри. Проектот чини 82 милиони денари, средства кои се обезбедени од Владата, преку Министерството за траснпорт и врски, и затоа сакам да упатам благодарност до вицепремиерот Николовски за континуираната поддршка на Владата која ја даваат на општина Гевгелија, изјави градоначалникот Андон Сарамандов.

  Според министерот Николоски, кој денес беше во посета на Гевгелија, проектот ќе даде целосно нов изглед на градот и ќе ја врати автентичноста на градското јадро.

Реклама

– Тоа ќе значи голема шанса и за жителите и околните имоти кои ќе добијат поголема вредност. Тука ќе може и да се отворат угостителски објекти кадешто ќе доаѓаат посетители од државата и од странство, кои често знаат да ја посетат Гевгелија. Во таа насока драго ми е што дадовме поддршка на овој проект. Можам да најавам исто така, дека градоначалникот не информира дека веќе работат на решение за вториот дел од улицата од Градската библиотека до крајот на улицата. Ние ќе продолжиме да даваме поддршка и сериозно ќе разгледаме да се реализира и тој проект, изјави Николоски.    

Тој кажа дека се разговарало и за нов влез во градот, и како министер за транспорт и врски наведе дека заеднички ќе се работи и на овој проект.

– Досега Министерството за транспорт и врски има инвестирано или инвестира 165 милиони денари, што е една сериозна сума, имајќи ги предвид буџетот и големината на општината, рече вицепремиерот.       

Во рамки на овие средства, како што соопшти Николоски, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од  2,4 милиони денари, како и изградбата на парк со детско игралиште на улица Вељко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари.

 – Завршен е и делот на булевар Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик во вредност од 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството завршивме улици и во селата Моин, Прдејци и Богородица, а ја завршивме и третата фаза од Западен булевар, со поддршка од Светска банка во вредност од 30,8 милиони денари, додаде министерот Николоски.