Реклама

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Македонија

Собранието втор ден разгледува амандмани на ребалансот на Буџетот

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените амандмани на Предлог-ребалансот на Буџетот. Разгледани се седум амадмани поднесени од ДУИ, СДСМ и Левица. 

Со амандманите се бараа средства за граничниот премин Блато, за реновирање на објекти за припадниците на полицијата, како и средства за поддршка на инвестиции во индустријата и средства за поддршка за мали и средни претпријатија.

Со еден амандман од Левица се бараа средства за отпочнување со работа на конзулат во Корча, но заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски одбивајќи го амандманот појасни дека има предвидено средства за оваа намена, но дека прво мора да завршат административно-процедуралните работи околу канцеларијата во Корча.    

Реклама

Со амандман се бараа и 10 милиони евра за гасификација на ТЕЦ Неготино, но и овој амандман беше одбиен со образложение дека за да се поврзе ТЕЦ неготино на гас прво мора да се заврши интерконеторот кон Грција, кој според проценките, треба да биде завршен до крајот на годината. – Има средства за гасната инфраструктура во ребалансот, рече заменик-министерот Јанкуловски. 

Во моментот, Комисијата е на кратка пауза по која се очекува да продолжи разгледувањето на амандманите.

Амандманската расправа за ребаансот на Буџетот почна вчера попладне кога беа разгледани десетина амандмани. На Предлог-ребалансот поднесени се вкупно 224 амандмани.