Поради дефект на улицата Лука Геров број 13, денеска од 10:45 часот е прекинато водоснабдувањето за корисниците во населбата Даме Груев.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека поради дефектот намален притисок на водата ќе има и во Ново Село и Волково.
Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата на дефектот.
