Реклама

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Македонија

Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари

На Алфа телевизија гостуваше Бобан Николовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Алфа телевизија гостуваше Бобан Николовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Царинската управа кој истакна дека Царинската управа руши рекорди во наплата на приходи, оценувајќи дека континуираниот раст е потврда за успешното работење на институцијата. Според него, во јуни годинава е остварен раст на наплатата од 22,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува зголемување од околу 38 милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Царинската управа имаме континуитет на рушење на рекорди, тоа за мене е сигнал дека сме на прав пат. Трет пат имаме највисока наплата месечно од постоењето на Царинската управа. Во јуни постигнат раст на наплата од 22,5% во однос на јуни минатата година, или 37,9 милиони евра повеќе во јуни овој месец, во споредба со јуни минатиот месец. Во буџетот се инкасирани 12,68 милијарди денари, односно 206 милиони евра приходи, при што е надминат досегашниот рекорд кој беше остварен во јули минатата година, кога биле наплатени 12,64 милијарди денари“, рече Николовски.

Тој нагласи дека позитивен тренд е забележан речиси по сите основи на наплата. Како што посочи, зголемени се приходите од ДДВ при увоз, приходите од данок на моторни возила и приходите од царина и акцизи. Николовски оцени дека ваквите резултати се показател за зголемената ефикасност на Царинската управа и за ефектите од мерките насочени кон подобрување на контролите и наплатата на јавните приходи.

Реклама

„Бележиме наплата по скоро сите основи, приходи од наплата на ДДВ при увоз се зголемени за 26,2%, од данок на моторни возила за 24,4%, од царината за 19,5% и од акцизи за 15%. Она што е најбитно за нас како Царинска управа и за државата, е што Царинската управа не само што турка рекорди по однос на месечна наплата, турка рекорди во континуитет, а според мене континуитетот и доброто работење е тоа што ни беше потребно, а еве две години веќе изминаа, ние покажуваме дека сме на еден солиден пат“, вели Николовски.