Секоја аптека мора да ги има лековите што се на позитивната листа и што се издаваат на рецепт – истакна денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој ги повика граѓаните да пријават во Фондот преку инфо-имејлот или формуларот за информации доколку некоја аптека одбие да издаде лек на рецепт.
– Секој лек што е на позитивната листа мора да се издава на рецепт – додаде Клековски одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, на која го презентира новото проширување на позитивната листа со три нови антикоагулантни лекови – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“.
