Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Инцидент на авион на „Рајанер“ над Македонија: Се откачил прозорец, провреден е патник кој можел да излета поради наглата декомпресија

Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген во петок наутро (10 јули)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Авион на „Рајанер“ од Солун кон Меминген во петок наутро (10 јули) се врати во Солун кратко по полетувањето, откако за време на летот се откачи прозорец до патник, соопштија од авиокомпанијата „Рајанер“ за инцидентот во кој полесно бил повреден еден од патниците, јави дописничката.

Од авиокомпанијата посочија дека авионот регуларно слетал во Солун и патниците биле вратени во терминалната зграда.

– Еден патник побара и доби медицинска помош по слетувањето во Солун. Со цел да се минимизира доцнењето, беше обезбеден заменски авион за превоз на патниците до Меминген, кој утрово полета од Солун во 9:35 часот по локално време, пишува во соопштението на „Рајанер“, што го објавија грчките медиуми.

Реклама

Медиумите во Солун, повикувајќи се на сведоштвата на патниците, утрово објавија дека веднаш по полетувањето, веројатно додека авионот летал над Скопје се слушнал силен звук, по што се скршил еден прозорец, а патникот на седиштето до прозорецот, поради наглата декомпресија, бил во опасност да излета од авионот и со помош на неговите сопатници бил задржан и спасен.

Меѓу патниците настанала паника, пилотот, според сведоштвата останал присебен, ги смири патниците и го вратил авионот на солунскиот аеродром.

Една од патничките во авионот, за „Радио Солун“ објасни дека седела малку поназад од редот каде што се скршил прозорецот, но видела дека повредениот имал крв на главата и се онесвестил, а паралелно сите останати патници биле со маски за кислород

– Сигурно 30-40 минути летавме со скршен прозорец. Колку што можев да сфатам, веројатно пилотот се обидуваше да добие дозвола за слетување, да види што ќе прави. Барем јас така сфатив. Цело време бевме со маските за кислород, вели патничката.

Дел од медиумите објавија дека причината за скршениот прозорец бил проблем со моторот, дел се откачил и удри во прозорецот, нешто што воопшто не е споменато во соопштението на авиокомпанијата

Солунските медиуми објавија дека повреден е турист на околу 60 години и веројатно станува збор за српски државјанин.