Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

Кујната на „Рустика Вединг Хол“ повторно е во функција, конечните наоди за случајот со труењето во Прилеп не утврдија пропусти во работењето

„Рустика Вединг Хол“, компанија со долгогодишно искуство во обезбедување кетеринг услуги, ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Рустика Вединг Хол“, компанија со долгогодишно искуство во обезбедување кетеринг услуги, ја информира јавноста дека, по завршувањето на инспекциските постапки и добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нејзината кујна повторно е во функција.

Компанијата укажува дека сите досега спроведени инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во работните простории, кујната и анализираните примероци од храната. Дополнително, лабораториските анализи на примероците од храната не утврдија присуство на бактерии или друга контаминација, што потврдува дека во анализираните примероци не се констатирани отстапувања од пропишаните стандарди за безбедност на храната и важечките законски прописи.

„Пред сè, искрено жалиме за непријатностите што ги претрпеа сите засегнати од овој настан. Искрено се надеваме дека сите кои беа погодени од случувањата се чувствуваат добро и дека оваа непријатна ситуација е зад нив. Од самиот почеток целосно и транспарентно соработувавме со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Центарот за јавно здравје – Прилеп, Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, овозможувајќи непречено спроведување на сите инспекциски надзори, лабораториски анализи и дополнителни проверки.

Реклама

Во согласност со Националниот протокол за постапување при сомневање за труење со храна, веднаш беа преземени сите предвидени мерки, вклучително и привремена забрана за вршење дејност до завршување на инспекциските постапки и добивање на сите лабораториски резултати.

Во интерес на јавноста и на сите засегнати, веруваме дека е важно институциите целосно да го расветлат случајот и да го утврдат причинителот и изворот на контаминацијата, за што сме подготвени да обезбедиме каква било дополнителна поддршка што ќе биде побарана од надлежните органи“ – се вели во соопштението на компанијата.