Реклама

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Прилози

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Товарните возови конечно се тргаат од Скопје. По години чекање, железничката обиколница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Товарните возови конечно се тргаат од Скопје. По години чекање, железничката обиколница повторно е во функција. Реконструирана е делницата Драчево – Илинден, а тешките товарни композиции наместо низ градот,отсега ќе минуваат надвор од Скопје.Од Владата уверуваат – ова е голем чекор за побрз и поорганизиран железнички транспорт, помал метеж на пругите и подобро функционирање на Коридорот 10. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски заедно со директорот на Железници – инфраструктура Синиша Ивановски направија увид и тест возење на обновената делница.

“Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје….Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направи и технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Очекувам за околу дваесет дена карго-возовите да почнат да ја користат оваа делница“, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според Николоски,реализацијата на овој проект значително ќе придонесе за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје, имајќи предвид дека товарните возови веќе нема да сообраќаат низ централното градско подрачје.

Реклама

“Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт”, истакна Николоски.

Најдоцна до 1 септември во употреба треба да биде пуштена првата линија на Градскиот воз, која ќе сообраќа од Зелениково, преку Драчево, до центарот на Скопје. Надлежните уверуваат дека работите се одвиваат според планираната динамика и дека со стартот на новата учебна година граѓаните ќе добијат нов, побрз и поефикасен начин на превоз.Проектот е дел од поширокиот план за воспоставување градска железница, која во следните фази треба да се прошири и кон другите делови на Скопје.