Реклама

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Во релативно краток период, Македонија стана сведок на сè погрозоморни и морбидни убиства

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Прилози

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Македонија е најевтината европска држава според истражувањата на Евростат. Просечната кошничка врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е најевтината европска држава според истражувањата на Евростат. Просечната кошничка врз основа на 2000 производи и услуги кај нас чини околу половина од просекот во Европската Унија. Тоа значи дека производите кои во Унијата просечно чинат 100 евра, во Македонија се околу 50 евра. Според податоците, индексот на потрошувачки цени во Македонија изнесува 49,7.

Во анализите учествувале 36 европси земји, меѓу кои 27те членки на Европската унија и шесте земји кандидати. Споредбено со сите Македонија има најниски цени за храна, облека, алкохол и цигари.

Во споредба, најскапо е во Луксембург за храна и безалкохолни пијалоци, Ирска е со највисоки цени за алкохол и цигари, додека Данска е најскапата земја за облека и обувки. Помеѓу членките, Романија има најниски цени за храна и безалкохолни пијалаци.  

Реклама

Од Евростат појаснуваат дека најголема разлика во цените е забележана кај алкохолните пијалаци и тутунот. Ова главно се должи на големите разлики во даночните стапки за овие производи во 36-те земји.

Сепак економистите предупредуваат дека ниските цени не значат и повисок животен стандард бидејќи истражувањето е базирано само врз цените на стоките и услугите, но не и платите

Бројките секогаш треба да се гледаат заедно со заработката. Она што е важно за животниот стандард не е дали цените се високи, туку што може да се купи за месечна плата“, изјави за „Еуроњуз бизнис“ професорот Роберт Инклар од Универзитетот во Гронинген.

Инаку Владата разговара со трговците, производителите и дистрибутерите со цел да се заузда инфлацијата на храната и таа да се одржува под 3 отсто.

Граѓаните се надеваат дека наскоро ќе почувствуваат олеснување на семејниот буџет. Други пак, не се големи оптимисти дека цените значително ќе се намалат.

„Верувам во Владата, се надевам дека ќе поефтинат цените бидејќи навистина почнавме да го чувствуваме на своја кожа покачувањето.“– велат граѓаните.

Позицијата на премиерот е дека основните прехранбени производи мора да поевтинат, и порача, дека,  доколку тоа не се случи, Владата има механизми како да се справи со самоволието на пазарот.