Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Бизнис

Нови авиолинии, 6 нови автопати, обнова на железницата: Македонија станува нова раскрсница на Балканот

Македонија станува една од најважните сообраќајни раскрсници на Балканот. Со изградба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија станува една од најважните сообраќајни раскрсници на Балканот. Со изградба на шест автопати истовремено, голема модернизација на железничкиот сообраќај и над 25 нови авиолинии од Скопје и Охрид, жестоката градежна офанзива продолжува и во летната сезона. По два нови автопати треба да се вози следната година. Интензивно се гради автопатот Охрид – Кичево кој треба да биде пуштен во употреба во првиот квартал догодина. На делови од овој автопат , се вози и сега, а кон крајот на летото треба да биде пуштена и делницата од Врбјани до Извор. Исто така, на почетокот на 2027-ма треба да бидат пуштени и првите неколку километри од автопатот Прилеп – Битола. „Бехтел и Енка“ активно работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, а ќе се гради и на потегот од Букојчани до Кичево. По подолг период, тендерот за изградба на деценискиот проект Скопје-Блаце го доби домашна градежна компанија Гранит. Бизнисот задоволен од динамиката на вложување и изведба на патиштата. За нив тоа значи подобра ккомуникација, побрз транспорт и поголема конкурентност на македонските фирми.

Интензивно се вложува и во железницата. Владата ќе набавува нови возови и 5 електрични локомотиви. Се работи на проектот Градски воз во Скопје. Првата линија од Зелениково до Центар е во финална фаза, a до крајот на годината се очекува да биде познат изведувачот и за другите две линии. Интензивно се гради и втората делница од пругата од Бељаковце до Крива Паланка, а за третата конечно се откочија работите и железничкиот тунел ќе се  гради заедно со Бугарија. Истовремено почна и проектот за обнова на трасата од Скопје до Кичево. Еден од најважните проекти, брзата пруга од Табановце до Гевгелија, е почнат уште од минатата есен, а предвидено е железницата целосно да биде готова во 2031-ва година.

Воведени се повеќе од 25 нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, со што граѓаните добија директни врски до повеќе европски дестинации. Меѓу нив се летовите до Париз, Барселона, Лион, Бари, Неапол, Палермо, Прага, Келн, Амстердам и Виена, како и повеќе туристички и чартер дестинации.

Реклама

Доказ дека изградбата на патишта, пруги, гранични премини и друга инфраструктура се во фокусот на надлежните е и тоа дека со ребалансот на државниот буџет се одвојуваат дури 100 милиони евра повеќе за оваа намена или вкупно 760 милиони евра.