Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Кој останува, а кој заминува – вечерва по 20 часот ќе се знаат имињата на новите министри во Владата

Кој ќе се прости со министерската фотеља и кој ќе седне на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кој ќе се прости со министерската фотеља и кој ќе седне на негово место – За вечерва по 20 часот е најавено објавувањето на новиот предлог-состав на Владата. Се чека да заврши состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде ќе се донесе конечената одлука за тоа како ќе изгледа поделбата на ресорите во коалицијата, со се кадровската пополнетост на водечките функционери во министерствата. Премиерот Мицкоски не сакаше да шпекулира или да објавува детали за најавената реконструкција на Владата, но потврди дека принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ.

За разлика од премиерот и ВМРО-ДПМНЕ, владечката ВЛЕН викендов објави како ќе изгледа рокадата на ресорите. Според Беким Сали, генералниот секретар на „Вреди“, неговата партија во новата влада ќе раководи со шест министерства – животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците. Ова значи дека ВЛЕН го напушта здравството, со кое сега раководи министерот Азир Алиу, но затоа ќе постави свои луѓе во правда, кое во моментов е во рацете на ЗНАМ, преку  Игор Филков, како и во културата каде министер е Зоран Љутков, како кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски ијави дека по владината реконструкција тие ќе раководат со две министерства, но оти денеска, конечно, ќе биде соопштено кој ресор на која политичка партија ќе ѝ припадне. Во јавноста се шпекулира дека ЗНАМ Правда, ќе ја трампа за министерското место во земјоделство.

Реклама

Засега официјално се знае дека Арбен Фетаи, кој беше вицепремиер за добро владеење и кој поднесе оставка, нема да биде дел од новата Влада, а нешто слично навести и  Иван Стоиљковиќ, кој е актуелен вицепремиер и министер за односи со заедниците.

Премиерот Мицкоски неодамна во гостување на националниот сервис за реконструкцијата изјави дека таа не се прави само поради резултати што се постигнати досега, туку и поради промена на приоритетите. Сè уште, нагласи, не се знае дали реконструкцијата ќе биде во рамките на промена на една третина од составот или повеќе.

Предлогот за состав на Владата, според најавите, се очекува веднаш следниот ден да биде испратен до Собранието, а потоа во согласност со роковите да биде закажана и пленарна седница за нејзин избор.

Доколку повеќе од една третина од министрите бидат реконструирани, тогаш во собранието ќе се поведе постапка за избор на нова влада.