На подрачјето на Општина Охрид утревечер ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци, информира Општина Охрид.
Дезинсекцијата ќе се реализира во периодот од 19 часот вечерта до 6 часот во четврток, како превентивна систематска мерка за заштита на населението од заразни болести.
Со третманот ќе бидат опфатени охридското крајбрежје на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потезите покрај реките Грашница и Коселска Река.

Од Општина Охрид ги повикуваат пчеларите и пчеларските здруженија да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите во периодот на спроведување на дезинсекцијата, а граѓаните се замолуваат во наведениот период да го ограничат движењето во опфатените подрачја.
Од општината информираат дека, доколку има неповолни временски услови, како ветер или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот следен погоден ден.
