Реклама

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процес

СДСМ и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На СДСМ и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања.

Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДСМ и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат.

Реклама

СДСМ и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите.

Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДСМ и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДСМ и ДУИ да го спречат напредокот на државата.