Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Образованнието се враќа во фокусот на државните приоритети

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт образованието се враќа во фокусот државните приоритети. Заврши времето на хаос во образованието и неизвесноста на наставниците и учениците. Наставниците добија предвидливост и редовно покачување на платите, додека учениците стабилен наставен процес со учебници по сите предмети во своите раце, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

За разлика од претходните седум години власт на СДСM, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над еден милион примероци се на училишните клупи и истите се набавени по значително пониски цени, со што само во последните две години се заштедени околу 45 милиони денари.

Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училиштен ден и за првпат по седум години, учениците повторно добија учебници по странски јазици.

Реклама

Од друга страна, спротивно на минатото, кога платите се покачуваа исклучиво пред избори и никој не знаеше колку ќе изнесува покачувањето, денес постои јасен и предвидлив систем кој го вреднува и достоинствено го плаќа трудот на наставниот кадар и, со избор на звањата ментор и советник, се овозможи кариерен напредок за наставниците и стручните соработници во средното образование.

Со потпишаната спогодба со СОНК, во зависност од инфлацијата, обезбедено е гарантирано зголемување на платите во следните четири години од 40 до 60 проценти, со што само во првите две години платите на сите вработени во образованието се зголемија за повеќе од 20 проценти.

Забрзано се модернизира образовниот процес, така што над 160 училишта се опремени со современа ИТ опрема, дигитализирани се сите услуги за учениците и студентите, се воведе нов електронски дневник и електронски свидетелства и се обучија над 1.000 наставници за етичка примена на вештачката интелигенција.

Посебно внимание се посвети и на образовната инфраструктура, при што само во првата година од мандатот се инвестирани над 70 милиони евра во нови училишта, спортски сали, реконструкции и проширување на училишни капацитети.

Посебно внимание е посветено на инклузивното образование и за таа цел за прв пат се воведоа 150 образовни асистенти во средното и од 800 на 1.350 се зголеми нивниот број во основно образование.

Владата несебично се вложи за подобрување на состојбите, покажа одговорна политика и сериозни инвестиции кои го враќаат достоинството и квалитетот во образованието.