Реклама

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

„Еуростандард банка“ била намерно втурната во стечај со долг од над 27 милиони евра – Поднесено обв инение за раководството

Драма во Штип – Во четири часот наутро со багер им урнал дел од куќата и избегал

Со нова апликација за итни случаи помошта ќе се повикува побрзо, а една функција може да спаси животи

Поддршка од ЕБОР за мали и средни компании кои сакаат да котираат на берза

Манасиевски: Опозицијата прво нека се договори меѓу себе, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за разговор

Годишната инфлација во јуни меѓу најниските во регионот и по подолг период најниска во земјава

Завршена е реконструкцијата на пругата за товарен сообраќај на релација Драчево – Илинден

Директорот на Агенцијата за иселеништво Ангелов: Дијаспората бара електронско гласање

Откриена гробница стара од 4–6 век во близина на Баргала

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората 

Меѓу СДСM и Левица не може да се најде разлика, тие се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓу СДСM и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти, се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДСM, уште веднаш го повторува политичката партија Левица.

Договорот меѓу Левица и СДСM за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува.

Реклама

Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат.

Тоа што и СДС на Венко Заев и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес.

И ваквата нивна цел, координираност и целосна синхронизираност на ставовите и настапите на Венко Заев и Апасиев се повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија.

Тоа што друго граѓаните знаат, е дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се и работи во нивен и интерес на државата.

Токму затоа и ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин.