Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Битолскиот Народен театар со „Кориолан“ на „Охридско лето“ и „Верона Шекспир фестивал“

– Ансамблот на НУ Народен театар Битола најновата претстава „Кориолан“ од Вилијам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Ансамблот на НУ Народен театар Битола најновата претстава „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во адаптација и режија на американскиот режисер Џон Блондел ќе ја одигра на фестивалот „Охридско лето“ и „Верона Шекспир фестивал“ во Италија.

На прес-конференција во Битола, директорот на НУ Народен театар-Битола, Васко Мавровски изјави дека „Кориолан“ е дело кое што за прв пат се поставува на театарските сцени низ Македонија. 

-Имаме една голема екипа која што е спремна да се соочи со предизвикот на македонска и светска премиера на „Кориолан“. Како и за сè останато, така и за овој тип на реализација на претстави, Битолскиот театар секогаш бил пионер во некои работи. Продолжуваме да се однесуваме така и да бидеме чекор-два пред сите останати и нашите премиери после подолго време конечно да се случат и на сцените надвор од Балканот, во европски земји, на што сум искрено горд, – рече Мавровски.

Реклама

НУ Народен театар Битола подолго време соработува со американскиот режисер Џон Блондел, кој оваа година е уметнички директор на фестивалот во Верона.

-Јас лично изразив желба дека сакам да работам со актерите на Народен театар Битола. „Кориолан“ е едно од последните дела на Шекспир, напишано е во 1608 година и е последната трагедија, всушност, која што ја напишал, потсети режисерот Блондел.

Во претставата настапуваат Васко Мавровски кој го толкува ликот на Кориолан, потоа Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска.

Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, а сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, музиката ја подготви Александар Димовски, а видео презентациите Владимир Переловски.