Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Жртва на системот: Поради политичка определба наместо на работното место, на 40 степени седи пред Агенцијата за вработување

Поради политичка определба наместо на своето работно место тетовчанецот Горан Јовановски, неделава…

Сподели:

Поради политичка определба наместо на своето работно место тетовчанецот Горан Јовановски, неделава работниот ден го минува на 40 степени на сонце пред вратата на Агенцијата за вработување во Скопје. Тој минативе неколку месеци бил дел од кабинетот на техничката заменик министерка за информатичко општество Невенка Стаменковска, со добиено мирување од работното место во Агенцијата.

Но, проблемите започнале во понеделникот, кога добил решение од министерот Дамјан Манчевски, да се врати на своето старо работно место, каде што бил 8 години. Според зборовите на Јовановски директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска не го прима назад место, со што противзаконски не го спроведува решението на Манчевски. Јовановска дури не сакала ниту да се види со својот вработен, а комуникацијата се одвивала преку портирот и нејзиниот шофер.

-Не постои пример лице што има мирување да не се вратило на работа. И конкретно последното известување кое што можеа да го донесат уште во вторникот, признание на сето тоа е дека два дена стојам пред Агенција пред зградата на Агенција за вработување, дека со самото стоење мое пред Агенцијата за вработување јас сум и вршел мобинг на директорката, сум ја заплашувал и сум вршел притисок да постапи спротивно на законските прописи, вели Јовановски пред камерата на Алфа.

Реклама

Јовановски пред камерата на Алфа вели, проблемите кои ги има со моменталното раководство на Агенцијата сега само ескалираат, а се провлекуваат веќе три години, се поради тоа што не делел исти политички ставови со директорката.

-Имаше обиди уште во 2017 да се поднесе против мене кривична пријава, бев оценет со единица, ниту помина кривичната, па копаа по досиеја, со стручноста не можат да се помират. Во 2018-та исто така имаше обид поради фејсбук статуси во сабота, во недела надвор од работно време каде што застапував поврзаност со референдумот, вели Јовановски.

Јовановски вели секој ден ќе биде вратата на Агенцијата додека не го вратат на работното место, а за такво нешто на секој два часа потполнува и ќе потполнува изјави, со цел да не го отпуштат поради тродневно неоправдано отсуство од работа.

Матеја Петровски