Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ЗНМ и ССНМ со реакција по изјавите на Филипче: Политичките партии не смеат јавно да таргетираат новинари и медиуми

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници реагираат по денешната јавна изјава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упатена кон новинар од ТВ Алфа.

„Сметаме дека е недозволиво и непримерно за претседател на политичка партија јавно да упатува тешки обвинувања за корупција проследена со реторика на дискредитирање кон новинари и медиуми. Oва не е изолиран случај, туку загрижувачка пракса во која политички субјекти сè почесто се обидуваат да поттикнат кампањи и наративи за оцрнување кон поединечни новинари и редакции“, се вели во заедничкото соопштение.

Во него се додава дека медиумите не смеат да се користат како средство во партиска политичка пресметка. „Префрлањето вина кон новинари и редакции, како и нивно јавно етикетирање, не е демократски однос кон слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството. Доколку било кој чинител во општеството има сериозни сомнежи за незаконитости пропусти за работењето на поедини медиуми, тие треба да се адресираат пред надлежните институции и преку законски процедури, а не преку јавни политички кампањи против конкретни новинари и медиуми.

Реклама

Во спротивно, политичките чинители ја намалуваат довербата кон медиумите преку своите вакви постапки, а тоа не е во духот на вредностите за кои треба да се залагаат. Ги повикуваме сите политички партии во иднина да се воздржат од јавни изјави што можат да поттикнат притисок, дискредитација или недоверба кон новинарите и медиумските работници“, велат од ЗНМ и ССНМ.

Од таму додаваат дека меѓународните стандарди јасно укажуваат дека политичарите и јавните функционери треба да покажат повисоко ниво на толеранција кон медиумско известување и да не користат понижувачки јазик кон новинарите. ЗНМ и ССНМ велат дека ќе продолжат внимателно да ги следат ваквите случаи и јавно да реагираат секогаш кога новинари и медиуми ќе бидат изложени на политички притисок или јавно таргетирање.