Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

ЗНАМ: Три дена молк на СДСМ за бизнис релациите на Венко и Заеви во Бугарија

Бидејќи по вчерашната прес-конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бидејќи по вчерашната прес-конференција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, немаше никаков одговор од раководството на СДСМ, денес повторно ги прашуваме Венко Филипче и СДСМ: Зошто молчат за фирмите и деловните релации во Бугарија? Молкот на СДСМ и Венко Филипче само дополнително ги засилува сомнежите во јавноста дека зад нивните политики и ставови не стои никаква принципиелна борба за европска иднина, туку заштита на бизнис интереси и лични врски со Бугарија, стои во соопштението на ЗНАМ.

Доколку нема што да кријат, тогаш нека излезат пред македонската јавност, нека го погледнат народот во очи и нека ја кажат вистината за целта, сопственичката структура и работењето на овие фирми.

Прашуваме повторно:

Реклама

Дали Венко Филипче е сопственик или поврзано лице со фирмата POWER i8 Ltd. во Петрич, со дејност поврзана со недвижности?

Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., исто така регистрирана во Петрич?

Колку фирми на лица блиски до поранешното и сегашното раководство на СДСМ се регистрирани на иста адреса во Петрич?

Какви бизниси и економски интереси имаат овие структури во соседна Бугарија?

Одважи се Венко, покажи го вистинското лице! Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, не само за фирмите, туку и за тоа што навистина стои зад нив. А најмногу вистината ја заслужуваат членовите и симпатизерите на СДСМ, луѓето кои искрено веруваат, вложуваат емоција и доверба во партијата и во нејзиното раководство.

Тие не смеат да бидат оставени во дилема или да бидат последни што ја дознаваат вистината за тоа кому всушност му служи бугарофилската политика што ја поддржуваат.

Осум години додека беа на власт, СДСМ ја отвори вратата за најголемите национални порази и наместо црвени линии, поставуваа црвени теписи за туѓи агенди кои длабоко го разнишаа достоинството на македонскиот народ.

Македонија заслужува да знае дали зад европската реторика на СДСМ се крие истата политика на отстапки, сервилност и поданост кон туѓи интереси.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи јавно и отворено да ги поставува овие прашања сè додека јавноста не добие целосни и транспарентни одговори.