Реклама

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Македонија

ЗНАМ се подготвува за локалните избори, соработката со ВМРО-ДПМНЕ е сигурна

Во пресрет на локалните избори, партиите од владината коалиција во финална подготовка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на локалните избори, партиите од владината коалиција во финална подготовка за стратегијата но и за конечната листа со која ќе настапат во трката за градоначалници и советници. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, кои се дел од владината коалиција потврди дека ќе има соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека изборот на кандидатите со кои ќе настапат на претстојните изброи бил при крај, дел нив самостојно а дел во координација со партијата на Мицкоски.

  • Сметам дека веќе до средината на јули ќе се знае епилогот од тие преговори. Разговараме за поголем број на општини кои не се концентрирани во една изборна единица или во еден регион, туку пошироко низ државата и штом ќе заврши тој разговор, би ги обелодениле резултатите,“ рече Димитриевски.

Во општините каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземат обврска да го поддржат нивниот кандидат уште во првиот круг и обратно. Според Димитриевски, неговата партија би го поддржала кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, а тоа зависи од името и политичкиот договор на партијата.

  • Овде зборуваме исклучиво за кандидати кои се квалитетни луѓе, докажани во својата сфера на делување и познати во јавноста. За имињата ќе разговараме дури откако ќе заврши епилогот на преговорите со нашите политички партнери,“ рече Димитриевски.

Максим Димитриевски ќе се бори за трет мандат во Куманово, а неговата партија ЗНАМ ќе трча и за најмалку една скопска општина потврдија претходно од централниот одбор на партијата. Димитриевски е фиксен, но во останатите општини низ државата се уште не е пресечено кои ќе им бидат фаворити за локалните избори. 

Реклама

Кандидатот за градоначалник за главниот град пак, ВМРО-ДПМНЕ ќе го открие во првата половина на јули. Така најави партискиот претседател Христијан Мицкоски уште пред 10-тина дена кога и тој ја потврди соработката со Движењето ЗНАМ на Димитриeвски.