Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

ЗНАМ: Невистинити и злонамерни се обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања. Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои, се вели во реакцијата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија на соопштение на СДСМ.

Во конкретниот случај, во ОУ Кочо Рацин во Куманово, немало никаква злоупотреба на деца, ниту принуда, ниту политичка активност, ниту било каков организиран партиски ангажман.

Станува збор за хуманитарен настан организиран од Советот на родители при училиштето, со благородна цел – помош таму каде што е потребно.

Реклама

Се друго што го пласира СДСМ е груба лага.

Целата организација е на родителите во соработка со естрадни уметници, водители, ди-џеи и аниматори кои на свој слободен стил се изразуваат. Песната е авторска, а не изборна, како што самите ја именуваат, што дополнително ги демантира нивните обвинувања и обидите за политизација на настанот.

Очигледно е дека во целосно отсуство на сопствени политики, идеи и програма, СДСМ повторно се занимава со измислени скандали. Наместо да поздрават настани од ваков хуманитарен карактер, тие напаѓаат и политизираат, што претставува дното на нивното политичко делување.

Движењето ЗНАМ категорично ги отфрла сите инсинуации. Немало и нема никаква злоупотреба на деца. Овие конструкции на СДСМ се очаен обид за политичка дискредитација и дефокус од нивната неспособност да понудат било каква визија.

СДСМ, партија која со години ја злоупотребуваше секоја институција и секој јавен настан за свои партиски цели, денес држи лекции за наводни злоупотреби.Тоа е врв на лицемерие.

Дополнително, јавноста секојдневно е сведок на наративот на СДСМ исполнет со конфликти, обвинувања и конструкции, кој ги доведе во отворени судири не само со политичките опоненти, туку и со медиумите, со новинарите и со самите граѓани.

Граѓаните одамна ги препознаваат ваквите евтини манипулации и знаат дека вистината е на страната на оние кои работат чесно и во интерес на заедницата.