Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Златен медал за битолчанката Ана Полизовска од Европската асоцијација за астрономско образование

Ана Полизовска од Битола, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ана Полизовска од Битола, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ е наградена со златен медал од Европската асоцијација за астрономско образование (European Association for Astronomy Education-EAAE) која во соработка со European Southern Observatory (ESO) го реализира детскиот ликовен конкурс „Визија за убавината на универзумот“. 

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола оваа година учествуваше по втор пат и од 12 дела на свои членови, освои шест награди, истакна Славчо Неделковски, ментор на Полизовска.

-Со оваа образовна асоцијација се запознавме при службена посета на Брисел, стапивме во контакт со директорката на EAAE, Едерлинда Вињуалес, која ни го посочи конкурсот. Со наградите и дипломите добивме и поздравно писмо во кое се заблагодарува за учеството и довербата. Во писмото, од EAAE нагласуваат дека се задоволни од сè поголемиот интерес и учество на натпреварот Space Art, кој од година во година обединува сè повеќе земји и млади автори. Според официјалниот билтен на EAAE и ESO, од 12-те испратени цртежи, со дипломи за извонреден ликовен талент се наградени Ана Јосифовска, Анабела Јовчевска, Бојана Стефановска, Давид Атанасовски и Фросина Полизовска. Најголемиот успех го постигна Ана Полизовска, која освои златен медал – прво место во третата категорија (15–18 години), за своето дело „Илузија“, посочи Неделковски.

Реклама

Од ДЛС „Кирил и Методиј“ – Битола информираа дека членовите на студиото биле единствен претставник од Македонија и се натпреварувале со учесници од Бугарија, Грција, Унгарија, Индија, Италија, Казахстан, Латвија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Турција и Украина.