Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Жителите на Пчиња го блокираа регионалниот пат, бараат целосно санирање на депонијата Краста

Жителите од Пчиња денеска го  блокираа пристапниот пат до депонијата Краста во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жителите од Пчиња денеска го  блокираа пристапниот пат до депонијата Краста во знак на револт поради горењето на депонијата. Тие бараат целосно гаснење и потрупување на пожарот и  мерки за спречување на повторно палење.

Во изјавата за медиумите кажаа дека блокадата е изнуден одговор по повеќемесечно загадување на воздухот и недоволното постапување од надлежните институции. Претседателот на Месната заедница Пчиња, Александар Илиевски, рече дека жителите претходно имале средби со локалната самоуправа, но оти договорените мерки не биле реализирани.

-Оваа блокада е наш изнуден одговор на шестмесечната голгота и постојаното загадување на воздухот поради горењето на депонијата. На последната средба со градоначалникот и директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ беше ветено дека најдоцна до 2 октомври ќе биде ангажирана механизација за гасење на пожарот. Тоа не се реализираше, а последните денови состојбата стана уште потешка – изјави Илиевски.

Реклама

Тој посочи дека барањата на жителите се целосно потрупување на депонијата, како и конкретни мерки за спречување на повторно палење.

-Доколку не се постапи по нашите барања, ќе останеме на блокада. Нашето здравје ни е најбитно – рече Илиевски.

Жителите не ги спречуваат багерите и противпожарните возила што работат на гасењето. Дел од учениците не се на настава. Дејан Трендевски, жител на Пчиња, информираше дека жителите синоќа донеле одлука да побараат помош и од централната власт. Во барањето, како што рече, ќе се побара формирање владина работна група, инспекциски надзор, извештаи од министерствата за животна средина и здравство, континуирано мерење на квалитетот на воздухот, план за санација и утврдување одговорност.

Стојан Стојковски, жител на Пчиња и член на еколошкото здружение „Пчиња“, рече дека состојбата влијае и врз секојдневниот живот на жителите и децата.

-Срамно е што чекаме да се поправи некоја машина за да дишеме чист воздух. Нашите деца го дишат чадот кога одат и се враќаат од училиште, а родителите велат дека се жалат на печење во грлото и носот-изјави Стојковски.

Тој посочи дека поради чадот дел од родителите денеска не ги испратиле децата на училиште, додека физичкото образование, се одржува во затворен простор. Стојковски побара и поставување мерни станици за квалитетот на воздухот во Пчиња и околните населени места, со јавно објавување на резултатите.

Жителите велат дека ќе продолжат со блокадата доколку не добијат конкретни гаранции и мерки за трајно решавање на проблемот со депонијата Краста. Тие бараат и долгорочно решение за локацијата на депонијата, посочувајќи дека сметаат дека треба да се разгледа можноста за нејзина дислокација.


Во меѓувреме, продолжуваат активностите за гаснење на пожарот и санирање на депонијата. Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, изјави дека според одлуките на Кризниот штаб, од вчера се ангажирани механизација и цистерни за вода, а денеска на терен се вклучени и два багери за дотур на земја.

-Состојбата не е добра, револтот кај населението е голем. Ќе пробаме за два-три дена да ја доведеме во поподносливо ниво. Имаме машини и ќе вршиме дотур на земја, а системите со вода се тука и постојано работат- изјави Томиќ.

Тој посочи дека блокадата создава проблем и за собирањето на отпадот во Куманово и околните населени места, каде гравитираат повеќе од 100.000 жители.

-Би требало овие камиони за собирање, транспортирање и депонирање на смет, согласно законските прописи, да бидат пропуштани. Не би требало градот да биде заложник- рече Томиќ.

Командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, информираше дека пожарникарите од вчера интервенирале повеќе од 20 пати на депонијата.

-Без престан се врши дотур на вода со воден топ, противпожарни црева и друга опрема. Од сабајле сме интервенирале двапати и ќе продолжиме во текот на целиот ден – изјави Станковски.

На депонијата денеска продолжуваат активностите со противпожарна опрема и механизација за дотур на земја, и  се бара решение за блокираниот пристапен пат.