Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Жестоко се работи на реформите: Македонија главен пример на жртва на билатералните проблеми на европскиот пат

Македонија е главен пример за тоа кога една држава е жртва на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е главен пример за тоа кога една држава е жртва на билатералните проблеми на европскиот пат. Но без разлика на оваа клучна пречка, владата со жестоко темпо работи и ќе работи на реформите, пред се тие во правосудството. Токму тоа била една од главните теми на кои се разговарало на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, порача од Брисел премиерот Христијан Мицкоски. Според него добро е што во белгиската престолнина се потврдило дека регионов е во видокругот на Европската Унија, но сепак она што продолжува да загрижува кога Македонија е во прашање, е билатералниот проблем во процесот на преговори, за кои сите се согласиле оставил трајна трага за државава.

-Тоа кое што не е добро, тоа е фактот дека има голем број билатерални проблеми кои што претставуваат пречка за земјите од Западниот Балкан да станат дел од Европската Унија. Македонија е главен пример за таквите пречки кои што би рекол ако тргнеме, кои што би рекол изминативе ако тргнеме годината кога е потпишан договорот за стабилизација и асоцијација до денеска изминаа 25 години. Од годината од кога официјално станавме кандидат заедно со една Хрватска да речеме, изминаа 20 години, изјави Мицкоски.

Македонија активно работи на домашната задача за напредок кон ЕУ. Мицкоски потенцираше дека жестоко се влегува во процесот на реформи, кои изминатиов период не можел интензивно да се испорача поради локалните избори. Мицкоски ги спомена законот за судски совет и новиот кривичен законик, кои веќе се во собраниска процедура.

Реклама

-Во еден разговор неформален со претседателката Фон Дер Лајен се договоривме веднаш после завршувањето на божиќните празници, како што и ветив најмалку осум од 12, а може и 10 од 12 чекори да бидат веќе завршени и со тоа ние домашната задача да ја завршиме, да го комплетираме нашето досие и да го доставиме тука. Потоа е на земјите членки на ЕУ, дали ќе толерираат билатерализација и практично нарушување на кредибилитетот на пристапниот процес или ќе ги мерат кандидатите според испораката, изјави Мицкоски.

Во Брисел беше усвоена Декларација во која се наведува руската воена агресија врз Украина и растечките геополитички предизвици ја нагласуваат потребаната од се посилни врски ЕУ и Западен Балкан. Во документот се реафирмира целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на регионов за членство во Европската Унија.

-Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи. Ги поздравуваме новата динамика и постигнатиот напредок од последниот состанок. Земјите аспиранти за членство треба да ги забрзаат своите реформски активности. Паралелно, Унијата треба да ги засили своите интерни темели и реформи, се вели во Декларацијата.

Во документот се потенцира дека инклузивната регионална соработка, помирувањето и добрососедските односи остануваат клучни за градење заедничка иднина, како и за спроведување на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Матеја Петровски