Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Жените недоволно застапени во високото образование

Иако постои евидентен напредок во подобрувањето на учеството на жените во високото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако постои евидентен напредок во подобрувањето на учеството на жените во високото образование, тие, сепак, не се доволно застапени. Во земјите на Западен Балкан жените се уште се соочуваат со родови предрасуди во образованието и професионалното надградување во различни области, особено во оние каде традиционално доминираат мажите, како инженерството и технологијата, беше речено на денешниот „Глобален женски појадок 2025“ што се одржува на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што беше потенцирано, жените се недоволно застапени на високи истражувачки позиции, а традиционалните општествени очекувања во врска со семејството често се причина да престанат со научна дејност.

„На мојот факултет каде предаваме за родова еднаквост, се уште немало жена декан. Веројатно е до нас. На многу факултети доминираат жените во бројот на вработени, но не и на деканската функција“, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред присутните.

Реклама

Изразувајќи верување дека доаѓа времето на жените, Сиљановска Давкова оцени дека можеби оваа година е клучна, кога се одбележуваат осум децении од формирањето на ОН.

„Осумдесет години од ОН се време за катарза. Време е за жена генерален секретар на ОН и за зајакнување на улогата на Генералното собрание каде се слуша гласот не само на големите, туку и на малите и средно големите држави, порача Сиљановска Да го препрочитаме Хемингвеј и да се збогуваме со оружјето“, подвлече претседателката.

Настанот „Глобален женски појадок 2025“ го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија по повод 11 февруари – Меѓународен ден на девојките и жените во науката.