Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Зголемени водостоите во дебарскиот регион, но нема опасност од поплави

Обилните дождови што во изминатите денови беа присутни во поширокиот дебарски регион…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обилните дождови што во изминатите денови беа присутни во поширокиот дебарски регион предизвикаа зголемување на дотеците на вода во реките Радика и Гарска Река, како и пораст на нивото на Дебарското Езеро. Сепак, поради конфигурацијата на теренот, на ова подрачје нема опасност од поплави.

-Засега нема никакви проблеми предизвикани од интензивните врнежи од дожд, кој услови зголемено нивото на Радика и Гарска Река, а со самото тоа и во Дебарско езеро. Поради конфигурацијата на теренот кај нас нема опасност од поплави. Можно е излевање на Радика кај Долно Косоврасти, но по објектите нема опасност. Дождот престана, сега има врнежи од снег, па дотекот ќе биде помал, изјави Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот Центар за управување со кризи-Дебар.

Според него, на патиштата во поширокиот регион, има чести одрони од камен и земја, но екипи на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта се постојано на терен во расчистување на истите, со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

Реклама

-Сепак поради тоа, но и најавените ниски ноќни и утрински температури, апелираме до учесниците во сообраќајот да бидат многу внимателни и строго да ја почитуваат патната сигнализација, апелира Ајроски.

Како што претходно потврдија за МИА, од секцијата, подготвени се за зимската сезона, како со потребната механизација, така и со абразивен материјал.

-Во пунктот кој се наоѓа во село Долно Косоврасти имаме 150 тони сол и 180 кубни метри ризла. Сметаме дека се доволни, но во случај на потреба ќе набавиме дополнителна количина абразивен материјал. Располагаме со потребната механизација а од почетокот на ноември работиме според зимско работно време, што подразбира 24-часовно дежурство, рекоа од секцијата.

При врнежи од дожд, најчесто одрони има на делницата Дебар-Жировница, кај селата Долно Косоврасти, Јанче и Жировница, како и во близина на Ростушки Мост, потоа на патот Дебер-Струга, кај месноста Манастирец, попознато како „Три чешми“, но и на патиштата кои водат кон Центар Жупа и подрачјето на Мала Река.