Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Зголемена стапката на морталитет, порано умираат мажите од жените

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1 518, во април. Од вкупно починати 20 201, поголем број 10 604 или 52,5 проценти се мажи, наспроти 9 597 или 47,5 отсто жени.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.9 години, односно 76.8 години кај лицата од женски пол или за 4.9 години е повисока просечната возраст кај жените.

Реклама

Умрени доенчиња се 47, а нивното учество е 0.2 % на 100 умрени лица

Според Меѓународната класификација на болестите најголемо учество во вкупно умрените лица имаат умрените од болести на циркулаторниот систем со 36.7 %, потоа неоплазмите со 19.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести со 7.7 %, болестите на респираторниот систем се застапени со 4.1 % и следат останатите, но со помала застапеност.