Реклама
Македонија

Зголемена поддршка за општините: Рекордни инвестиции и нови реформи за посилен локален развој

Значајна година за зајакнување на локалниот развој и отворање нови можности за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значајна година за зајакнување на локалниот развој и отворање нови можности за општините низ државата. Министерот за локална самоуправа Златко Перински за време на отчетот за сработеното порача дека Министерството интензивно реализирало бројни проекти на терен по претходна детална анализа за реалните потреби на општините.

Преку програмата за инфраструктурни инвестиции, на двата јавни повици што беа распишани, општините поднеле вкупно околу 1.200 проектни апликации. Реализираните инвестиции од овие два повика достигнале околу 20 милијарди денари, што претставува рекорден износ за поддршка на општините. Одобремите проекти беа од областа транспорт, животна средина, образование, култура, спорт и социјална политика. Според Перински, високиот одзив бил јасна потврда дека оваа мерка била неопходна и директно одговорила на најгорливите потреби на локалните заедници.

Овој исклучитено голем одѕив претставува јасен показател за високата заинтересираност на општините за инвестициски проекти и потврда дека одлуката на Владата за спроведување на оваа мерка е навремена, стратешки исправна и одговара на реалните потреби на локалните самоуправи. Во прва фаза се одобрени за финансирање 828 проекти во вредност од 13.868.138 денари, рече Перински.

Реклама

Поддршка од Министерството има и за близу 180 проекти за рамномерен регионален развој, а паралелно, се работи на дигитализација на општинските услуги и реформи во Законот за локална самоуправа, со фокус на транспарентност, подобрување на услугите и воведување можност за отповикување на градоначалници, во согласност со европските стандарди.

Во 2024 и 2025 година, преку Програмата за рамномерен регионален развој, се поддржани 176 проекти насочени кон подобрување на состојбите во планските региони, селата и урбаните средини. Дополнително, преку Програмата за намалување на регионалните диспаритети, одобрени се 38 проекти во вредност од над 87 милиони денари. Во партнерство со Швајцарската агенција за развој и соработка, завршени се 10 регионални проекти, меѓу кои реконструкција на болници, домови за стари лица и превенција од пожари, рече Перински.

Инаку, Министерството работи и на формирање Ресурсен центар за поддршка на општините, со фокус на административна обука, проектен менаџмент и дигитална трансформација. Според Перински со формирање овој центар, соработка со ЕУ и соседните држави и законски реформи, се поставуваат темели за поефикасни општини, поголема транспарентност и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Што се однесува до меѓуграничната соработка пак, стратешките проекти како граничните премини Клепало и Маркова Нога се очекува, дополнително да го поттикнат регионалниот развој.