Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Зголемена откупна цена на јагнињата пред Велигден – сточарите задоволни, најавуваат инвестиции за зголемување на производството

Пред велигденските празници, кога е и актуелен откупот на јагнињата, за повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред велигденските празници, кога е и актуелен откупот на јагнињата, за повеќе од 40 денари е зголемена откупната цена и сега изнесува од 280-290 ден. за килограм жива мера. Сточарите задоволни. Велат, со овие откупни цени, како и со доисплатата на субвенциите по грло за минатата година, можат да размислуваат дури и за зголемување на стадата.

„За жал, навистина беше намален бројот на овци на државно ниво, но сега, оваа исплата на субвенциите, верувам дека ќе ги помогне многу сточарите и верувам дека во иднина ќе се исплаќаат навреме и само тоа може да ја зголеми бројката и стимулациите други за да ја вратиме исплатата на јагнето за приплод… Проблеми има, не дека нема, но благодарение на министерот што се интересира ќе седнеме, ќе разговараме и идеме на подобро“, – рече Насер Џемаили, претседател на Сојуз на одгледувачи на овци.

„Со цената е добро. Годинава сме задоволни со цената. Имаше и за поголемо јагне пласман… 280 ден. беа на терен до 290 ден., ама ретко, за некое помало јагне. 280 и до 40 кг јагниња одеа“ – кажа Марјанчо Стојаноски, сточар од с. Новоселани.

Реклама

Со цел надминување и на другите тековни проблеми, а кои се напластувале со години во оваа земјоделска гранка, денеска заедничка средба во Прилеп одржаа македонските сточари со ресорниот министер. На средбата, министерот Трипуновски потсети на сите мерки кои досега биле преземени, но и на следните кои допрва треба да следат, а со цел враќање на стоката на пасиштата, но и на зголемувањето на сточниот фонд во земјава.

„Нема никој да биде исклучен од процесот на земање субвенции. Во тековната програма за 2026 год. има посебна мерка која што ќе ги опфати сите овие мали земјоделци кои што се под праговите кои што ги имаме поставено во Програмата за 2026. Исто така, ваква мерка ќе постои и во тековната 2027 год., со цел во овие две години заедно со сточарите да помогнеме да ги постигнеме тие минимални прагови“, – посочи Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Инаку, досега веќе се доисплатени сите заостанати субвенции по грло овца од претходните години, за што беа потрошени над една милијарда денари. А во текот на следните месеци ќе бидат доисплатени и субвенциите за предадено млеко, каде последната исплата била за вториот квартал од минатата година, потенцираше Трипуновски.