Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Економија

Зголемена наплата на надоместоци за минерални суровини: Министерството за енергетика воведува нов тарифник за фер управување со природните ресурси

Средствата од наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средствата од наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини ќе бидат насочени кон поддршка на инфраструктурни проекти, енергетска транзиција и заштита на животната средина. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека во првиот квартал на 2025 година наплатените средства достигнале 247.491.155 денари, што претставува двојно зголемување во однос на истиот период минатата година, кога износот бил 110.576.324 денари.

Овој значаен пораст е резултат на засилената активност на Министерството за подобрување на наплатата и засилување на контролата врз концесионерите.

Засилена контрола и активни мерки

Реклама

Министерството спроведе низа активности за зајакнување на наплатата, вклучувајќи:

  • Испраќање на писмени опомени до концесионерите, со предупредување за можен раскин на концесијата доколку не ги подмират обврските.
  • Засилени редовни и вонредни инспекциски контроли.
  • Раскин на десетина договори со концесионери кои не ги почитувале законските обврски, со уште десетина постапки во тек.
  • Донесување нов Тарифник за утврдување на висината на надоместоците, кој стапил на сила на 1 јануари 2025 година.

Новиот тарифник: Зголемена фер наплата за природните ресурси

Со новиот тарифник, кој се применува од 1 јануари 2025, висината на надоместоците за издавање дозволи и концесии за експлоатација на минерални суровини е зголемена до 100%, со цел обезбедување на правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:

  • Зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30%.
  • Надоместок за експлоатација на мермер: 5% од приходот од продадената суровина, наместо претходната фиктивна цена.
  • Зголемување на надоместокот за металични минерални суровини од 2% на 4%.
  • Просечно зголемување на надоместокот за неметалични минерални суровини за повеќе од 100%.

Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како што е јагленот, за да се избегне дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Поголема наплата – Поголеми инвестиции за општините

Зголемената наплата директно влијае на буџетите на општините во кои концесионерите работат, како и на буџетот на Република Северна Македонија. Средствата се користат за изградба и одржување на комунална инфраструктура, проекти за одржлив развој и енергетска транзиција, како и за проекти за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да работи на обезбедување на највисоки стандарди за управување со природните ресурси, како и на зголемување на економските придобивки од нивната експлоатација.