Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Зголемен бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија

Македонија се поинтересна за странските гости. Бројот на туристи и на ноќевања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се поинтересна за странските гости. Бројот на туристи и на ноќевања се зголемил за по речиси 22% во првиот квартал од годинава споредено со истиот период лани.

Според официјална статистика годинава во март се евидентирани 70 902 туристи од кои 78 отсто се од странство, а 22 отсто домашни. Во првите три месеци од 2025 имало над 160 илјади туристи (166.764) од кои 116.809 странски туристи.

Нашата држава била најинтересна за турстите од Германија, Турција, Франција и од Грција.  

Реклама

  Број на туристи                                        Држава

  • 10 410                                                         Германија 
  • 9 380                                                          Турција
  • 4 648                                                          Франција    
  • 4 504                                                          Грција   

Хотелиерите очекуваат дека годинава ќе ги надмине ланските бројки, особено радува што има туристи и вон сезона. Пуштањето на автопатот Охрид – Кичево кој треба целосно да биде завршен пред стартот на летната сезона, но и изградбата на Тетово – Гостивар се очекува да го зголеми интересот за посета на туристичките места , затоа што значително ќе се намали патувањето од Скопскиот аеродром.   

Податоците од статистика покажуваат дека и за домашните и странските  туристите најинтересни биле езерските места. Гостите најмногу се интересираат за природните убавини на Македонија, културата и храната

Статистика бележи намалување на бројките на домашните туристи за 9.2 отсто,а по бројот на ноќевања на македонските граѓани низ државата исто има намалување од 7.8 отсто.

Според угостителите треба да се развиваат што повеќе авио конекции , особено од Охридскиот Аеродром. Последните најави од министерството за транспорт се дека се преговара да се лета за Будимпешта од Охрид, а се размислува и за нов модел за субвенционирање на авиолинии, што треба да донесе најмалку десет нови дестинации. Во моментов вкупно од Македонија се лета кон 64 дестинации од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром.