Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата

Влажниот бран што ја зафати земјава се очекува да ја подобри состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влажниот бран што ја зафати земјава се очекува да ја подобри состојбата во земјоделството. Поради високите температури кои минатата недела надминуваа 40 степени, сите култури се загрозени и се во фаза на топлотен стрес, велат агрометеоролозите. Топлото време, објаснуваат, предизвика зголемено испарување на водата и од почвата, но и од растенијата (преку транспирација).

-Со намалување на резервите за вода во почвата, доаѓа до појава на суша. Ова го покажува и пресметката на стандардизираниот индекс на суша со кој се оценува метеоролошката суша, а пресметаните вредности покажуваат тендеција од умерена кон јака до екстремна суша. Загрозени се сите култури, пролетните, окопните, индустриските, градинарските, овошките, виновата лоза, особено оние каде нема доволно услови за наводнување. Загрозени се и повеќегодишните култури кај кои резервите на вода и во подлабоките слоеви постојано се намалуваат, укажуваат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, овој период е критичен посебно за некои сорти винова лоза кои се во почеток на зреење.

Реклама

-Повеќето култури, како овошките, се во фаза на берба. Некои сорти, пак, на винова лоза се во фенофаза почеток на зреење – прошарок кај зрната. За време на прошарокот, во зрното се случуваат многу важни морфолошки и физиолошки промени. Во оваа фаза продолжува порастот на зрното, па ако нема доволно влажност остануват ситни. Затоа, во овој период, важно е виновата лоза да биде снабдена со доволно количество на вода. Дестабилизирањето на времето кое се очекува во почетокот на неделава и најавените врнежи дожд, ќе ја подобрат состојбата со влага во почвата. Земјоделските производители може да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви, како и со изведување работи во поле, наводнување, уништување на плевели, заштита на растенијата од појава и развој на болести и штетници, редовно следење на посевите и други агротехнички мерки, велат агрометеоролозите од УХМР.