Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим

Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција.

Министерската одлука за „Определување на државите кои имаат привилегиран даночен режим, врз основа на одредбите од ставовите 6 и 7 на член 65 од Законот 4172/2013, за даночната 2024 година“ е објавена во Службен весник на Грција и потпишана од министерот и заменик-министерот за национална економија и финансии Кирјакос Пиеракакис и Димитрис Маркопулос.

Согласно одлуката, грчкото Министерство како држави кои имаат „привилегиран даночен режим“ ги определува оние држави во кои „правното лице или правниот субјект подлежи на данок на добивка, приходи или капитал, чија даночна стапка е еднаква или пониска од 60 отсто од даночната стапка на правните лица и правните субјекти што би ги должеле согласно одредбите на грчкото даночно законодавство“, доколку тие би биле даночни резиденти или би имале постојана деловна активност во Грција.

Реклама

Врз основа на овој критериум, за даночната 2024 година, на грчката листа се наоѓаат 42 земји и територии, а од Европа освен нашата се и Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Монако, Унгарија, Ирска, Лихтенштајн и Молдавија.

Во изминатите години, Македонија последователно е на листа со држави што Грција ги смета дека имаат привилегиран даночен режим.