Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ги вознемири жителите на Скопје, Тетово и Гостивар

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ги вознемири…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ги вознемири жителите на Скопје, Тетово и Гостивар. Земјотресот е регистриран во 22:05 часот по локално време. Епицентарот бил лоциран на околу 20 километри југоисточно од Призрен, во близина на границата со Македонија.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Во текот на ноќта регистрирани се повеќекратни земјотреси и во Турција и во Грција.

Редовниот професор на Институтот за географија, Ивица Милевски, смирува дека нема простор за загриженост, посочувајќи дека земјотресите се дел од природни и долготрајни геолошки процеси.

Реклама

„Ништо страшно. Немирната Шар Планина уште се издишува, макар можеби само за десетина милиметри одеднаш, што и не е малку. Нека си тера таа како што тера со милиони години, малку по малку, а ние може да си одмориме“, напиша Милевски.