Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

Зелени инвестиции креираа речиси 400 нови работни места – Владата најавува зголемена поддршка за 2025

Преку владината мерка за зелени инвестиции досега се отворени речиси 400 нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку владината мерка за зелени инвестиции досега се отворени речиси 400 нови работни места, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши при денешната посета на скопскиот ресторан „Ксантика“, еден од успешните примери за зелена транзиција во приватниот сектор.

„Вкупно 228 компании досега инвестираа во зелени решенија – од фотонапонски панели, преку мерки за енергетска ефикасност, до модерна, еколошки прифатлива опрема. Компаниите вложија над 200 милиони денари сопствени средства, што го надминува износот на државната поддршка“, изјави Дурмиши, нагласувајќи дека политиката на Владата служи како катализатор за приватни вложувања и одржлив економски развој.

Финансиската поддршка за отворање ново зелено работно место е зголемена од 205.000 денари во 2022 година на 250.000 денари во 2024, а вкупниот буџет на мерката веќе достигна 93 милиони денари, односно приближно 1,5 милион евра.

Реклама

За 2025 година, ресорното министерство најавува амбициозна цел: поддршка за најмалку 200 нови работни места во до 200 компании, со можност за финансирање до 750.000 денари по компанија. Дополнително, ќе се понудат обуки и советодавни услуги за унапредување на енергетската ефикасност, со фокус на малите и средни претпријатија.