Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Здравковски: Ограничени се маржите за вештачкото ѓубриво – со конкретни мерки се штити стандардот на земјоделците

„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Здравковски посочи дека преку конкретни мерки се штити стандардот на граѓаните. Тој додаде дека и поддршката во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно, како и во делот на земјоделието, како што кажа, ограничени се маржите за вештачкото ѓубриво, мерка која придонесува за стабилизација на цените во земјоделството.

„Со мерките коишто беа директно за нафтата, со акцизите и со ДДВ-то, немаме енормен скок, затоа што најголемиот инпут во одредувањето на цената се енергенсите. Дополнително, сметам дека поддршката и во делот на компаниите е многу поголема за разлика од претходно. Имаме конкретни мерки, за оваа година се предвидени нови 25 милиони. Во делот на земјоделието ги ограничивме маржите за вештачкото ѓубриво. Имаме директни и индиректни мерки кои ќе дадат и во иднина резултат“, кажа пратеникот Здравковски.