Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

ЗБ6 КИФ со апел до Европската комисија за положбата на професионалните возачи од Западен Балкан

Евиденцијата на влез и излез на професионалните возачи на граничните премини при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евиденцијата на влез и излез на професионалните возачи на граничните премини при транспорт низ земјите од ЕУ, во согласност со системот за влез и излез (EES), драстично ќе ги зголеми трошоците за работење на компаниите, ќе ја загрози стабилноста на трговските текови меѓу Европската Унија и Западен Балкан, а ги доведува во подредена положба и професионалните возачи во меѓународниот патен транспорт, со посебен акцент на примената на правилото од 90/180 дена, ова е заклучок од седницата на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум на 6-те комори од Западен Балкан (ЗБ6 КИФ), за што ќе биде поднесен заеднички апел до Европската комисија.

Истовремено, за 26 јануари во неколку земји од Западен Балкан се најавени протестни акции поради нарушување на движењето на стоки кон Европската Унија. Овој развој е од сериозна загриженост од економски и политички аспект. За Западен Балкан, приближно 60 % од вкупната надворешна трговија и речиси 370.000 компании се директно засегнати бидејќи се доведува во прашање правилното функционирање на доставувачите и клиентите, а се нарушуваат и безбедноста на снабдувањето и стабилноста на цените.

Најавените протести се во организација на професионалните возачи и се насочени против недостатоците во сегашниот граничен режим, кои се појавија по прекинувањето на специфичните аранжмани за визи и престој во одредени земји членки на ЕУ. Иако е позитивно што шенгенскиот договор во последните години се применува флексибилно за професионалните возачи, со што во принцип се овозможува патување без виза, тој не е погоден за долгорочен комерцијален патен товарен транспорт, што вклучува редовни, предвидливи и трајно потребни гранични премини и престојувања.

Реклама

Проблемот се примената на правилото од 90/180 дена значително ја зголеми побарувачката за возачи, што доведе или до значително зголемување на трошоците или во некои случаи до делумно прекинување на транспортните операции. Неодамна воведените проверки на идентитетот и биометриските проверки, со време на чекање до неколку дена, не се одржливи за транспорт на стоки. Оваа ситуација веројатно нема да биде компатибилна ниту со целите на внатрешниот пазар на ЕУ ниту со целта за економска интеграција на Западен Балкан со Европската Унија.

Во апелот до Европската комисија, ЗБ6 констатира дека „на подолг рок може да се разгледа приспособување на шенгенскиот договор, но на краток до среден рок неопходно е развивање координирани и прагматични решенија заедно со оние земји членки што се особено клучни за трговијата со Западен Балкан. Дозволите за престој, и од техничка и од правна перспектива, би можеле да се издаваат преку процедури за дигитална претходна регистрација“.

Управниот одбор потсети дека Европската Унија претставува најважниот извозен пазар за Западен Балкан, со повеќе од три четвртини од вкупниот извоз на регионот наменет за ЕУ. Поради оваа причина, стабилноста на синџирите на снабдување, регулаторната предвидливост и непречениот проток на стоки не се само технички прашања, туку стратешки интереси и за регионот и за Европската Унија.