Со концерт на уметниците од Националната установа Камерен оркестар на Битола и под диригентство на Владимир Димовски, вечер завршува ј35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“.
Годинава на фестивалските сцени во Битола настапија светски познати уметници од Унгарија, Италија, Косово, Франција, Германија и од Македонија.
Во рамки на програмата Државното музичко училиште од Битола ја одржа традиционалната манифестација „Подиум на млади“, а мастерклас за учениците и наставниците одржаа Љубиша Кировски од Македонија и Иг Леклер од Франција.
На годинашниот „Интерфест“, во битолскиот Офицерски дом, со посебен музички настан уметникот Кирил Рибарски одбележа личен јубилеј – 60 години на домашната и меѓународната концертна сцена.

