Реклама
Македонија

Заврши доказната постапка за пожарот во модуларната болница во Тетово, завршните зборови во Мај

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска заврши доказната постапка во повторениот судски процес за обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми, и Клиничка болница во Тетово, кои се обвинети за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, во врска со пожарот што на 8-ми септември 2021-ва година избувна во модуларната болница во Тетово, при што животот го загубија 14 луѓе.

Во текот на денешната главна расправа, прво се читаа искази на сведоци на Обвинителството, дадени во првиот судски процес, а потоа се прочитаа и три искази, дадени од сведоци, предложени од одбраната на обвинетите. По барање на адвокатите на бранителите и со согласност на полномоштниците на оштетените и Обвинителството, судот определи завршните зборови да се искажат на 12-ти мај, со почеток во 10 часот.