Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Прилози

Зависи од волјата на Али Ахмети и ДУИ: Останува неизвесно дали од први февруари ќе започне казнувањето со „Сејф сити“

Останува неизвесно дали од први февруари ќе започне со примена казнувањето согласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Останува неизвесно дали од први февруари ќе започне со примена казнувањето согласно „Сејф сити“ системот. Проблемот доаѓа кај изгласувањето на законите за кои е потребно двотретинско, но и бадентерово мнозинство, кое во моментов не го овозможува ДУИ.

Партијата на Али Ахмети не ги поддржува законите што ги предлага власта, а за чие усвојување е потребно и мнозинството од заедниците. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите рече дека меѓу пратеничките групи се уште нема договор да се усвојат измените на Законот за прекршоците.

-Ако се постигне договор, законските измени веднаш ќе бидат ставени на собраниска седница за да се изгласаат. Досега на координациите на пратеничките групи немаше забелешки во врска со текстот на измените. Тоа што овој закон не е поддржан е прашање на договор меѓу пратеничките групи, кажа Гаши.

Реклама

Со измените на Законот за прекршоци треба да се овозможи секој возач да добие СМС или порака преку електронска пошта за сторен прекршок кој е евидентиран преку камерите на „Безбеден град“. 

Според измените во законот предвидено е рокот за преземање на записникот за сторен прекршок да биде осум дена од денот на приемот на известувањето. По истекот на осумте дена од испраќањето на второто известување за преземање на линкот, ќе се смета дека доставата е уредно извршена без преземање. Доставата може да се врши и преку дигитална апликација согласно закон.

-Во известувањето ќе биде доставен линк за преземање на записникот за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог. Доколку сопственикот на возилото, односно одговорното лице во правното лице во рок од 24 часа од испраќањето на првото известувањето не го отвори истото, ќе му биде испратено второ известување со линкот за преземање на записникот со прекршочниот платен налог, се вели во измените од законот.

Со измените во законот за прекршоци се предвидува и трајно одземање на возилото на пијани и на дрогирани возачи, како и престанок на важењето на возачката дозвола.

На дневен ред во Собранието требаше да бидат и законите за полиција и внатрешни работи, едни од оние кои е потребно да се изменат со цел старт на работата на „Сејф сити“, но тие се повлечени за техничка доработка, по што повторно се вратени во собраниска процедура и наредните денови треба да бидат на дневен ред. 

Матеја Петровски