Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Затворање на неколку булевари во Скопје: променет режим на сообраќај утре

По повод верскиот празник „Воскресение Христово – Велигден” кој ќе се одбележува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод верскиот празник „Воскресение Христово – Велигден” кој ќе се одбележува утре, 19 април 2025 година, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на некои сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Сообраќајот ќе биде регулиран во периодот од 18:00 часот, па до завршувањето на настанот по повод празникот. За време на овој период, во центарот на градот Скопје по потреба ќе бидат затворени следниве улици и булевари:

  • Бул.„Партизански Одреди – од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”
  • Бул.„Св. Климент Охридски – од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”
  • Ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” – од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”

Сообраќајот на автобусите кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев” ќе биде изменет по потреба. Трасата на движење ќе биде променета, па автобусите ќе се упатуваат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И обратно, автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.

Реклама

Во општина Ѓорче Петров, по потреба ќе се затвори ул.„Македонска Војска”, пред црквата „Свети Петар и Павле”, на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди” до ул.„Ѓорче Петров”.

Во општина Аеродром, по потреба, ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.

Затворање на други сообраќајници околу верските објекти може да се случи по потреба.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници и да бидат внимателни за време на сообраќајните промени.