Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Економија

„Засилена“ прва смена изутрината го реши проблемот со градскиот превоз?!

Нова учебна година – стари проблеми. Метрополата сеуште во хаос по прашањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нова учебна година – стари проблеми. Метрополата сеуште во хаос по прашањето за јавниот сообраќаен превоз.

Утринава, за разлика од останатите денови,  немаше многу метеж по постојките  веројатно поради тоа што родителите одлучија децата да ги однесат на првиот час со автомобили или пак ЈСП успеа да ја „засили“ првата смена.

Дел од граѓаните пак се одлучија за велосипед, тротинет или да пропешачат. Велат не чекале премногу утринава, ама бараат итно решение на целиот  проблем со ЈСП оти со враќањето на децата во школо сигурно ќе има гужви

Реклама

Но, попладнево сликата беше поразлична, забележливо граѓаните чекаа подолго време по постојките, всушност слика која што се гледа со месеци во главниот град додека градоначалничката Арсовска само бара вина во Советот и никако да најде решение за хаосот.  Денеска проблемот стана поголем оти дел од приватните превозници не возеа утрината поради натрупаниот долг и барањата за повисока цена по километар. Проблемот се провлекуваше со месеци, па дури денеска, откако најголемиот дел од приватниците одбија да возат, ЈСП волшебно најде пари и им исплати 80 отсто од долгот, по што тие од попладнето почнаа да возат.

Постигнат е договор и легнати се 80 отсто со долгот што ни го должеја. Пакет 1 и три , се активирани , цената по километар се преговара

Од град Скопје се задоволни и велат дека  превозот денеска функционирал нормално. Тие ги обвинуваат медиумите дека наседнале на наметната паника, и посакаа среќен почеток на учениците, без да објаснат што ќе се прави со јавниот превоз.  

Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспорти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови потешкотии за граѓаните на градот Скопје. За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија, предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани. Во моментов јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП како и автобусите на приватните превозници кон кои градот Скопје и ЈСП немаат никакви заостанати обврски, велат од Град Скопје.

Скопјани со месеци се мачат како да стигнат до посакуваната дестинација

оти автобусите доцнат, и речиси редовно се преполни и често се расипуваат.  На ЈСП му недостигаат автобуси за да биде покриен зимскиот возен ред, кој почна во неделата, о засега нема никаква информација  до каде е поправката на 40 автобуси за кои директорот на претпријатието се заложи дека ќе ги сервисира.