Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа на терен за да ја вратат чистотата во секоја населба и на секоја улица на главниот град, стои во соопштението на Општина Чаир.

Граѓаните конечно можат да здивнат слободно, затоа што започна чистењето на Скопје.

-Заедно со премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва сме на терен, покрај екипите на ЈП Комунална хигиена, Паркови и зеленило, јавните претпријатија на градот и компаниите со општествена одговорност, кои го водат овој голем граѓански мобилизирачки процес. Ќе се чистат контејнерите, просторот околу нив, шеталиштата, плоштадите и мини-депониите што се создадоа како резултат на блокадите и неодговорноста што го оставија Скопје прекриено со отпад, истакна Меџити.

Реклама

Тој додаде дека вечерва Скопје нема да спие врз ѓубре, туку утре ќе се разбуди со почист, поздрав воздух, со почисти улици и со нов изглед.

-Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје — градот што го преземаме во свои раце за да го исчистиме, да го уредиме и повторно да го направиме гордост за сите негови граѓани, порача меѓу другото Меџити.