Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Започна реконструкцијата на улицата „Лисец“ во Горно Лисиче со нова водоводна мрежа

Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром. 

Со овој проект, како што се анведува во соопштението од Град Скопје, ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот.

Проектот е реализиран во соработка со општина Аеродром и ЈП „Водовод и канализација“, а неговата цел е решавање на долгогодишните инфраструктурни проблеми со кои се соочуваа жителите на улицата.

Реклама

-Со реконструкцијата на улицата „Лисец“ значително ќе се подобри безбедноста и квалитетот на живот на граѓаните, како и условите за сите учесници во сообраќајот кои секојдневно ја користат оваа сообраќајница, се наведува во соопштението.

Надлежните најавуваат дека инвестициите во инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период, со реализација на повеќе капитални проекти во различни делови од градот.

– Рамномерен развој и инвестиции во секој дел од градот, е она од кое нема да отстапиме. Во Аеродром, како и во сите општини на Град Скопје, вложуваме посветено и одговорно, затоа што граѓаните го заслужуваат најдоброто.  Улицата „Фрањо Клуз“ веќе е целосно реконструирана, а наскоро започнува изградбата на двата кружни текови кај „Тобако 2“, како и реализацијата на низа капитални инфраструктурни проекти кои суштински ќе го трансформираат нашиот град. Продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.